Материјалот ПВЦ: издржлив, отпорен на временски услови и лесен за одржување.

Извонредна можност за обликување, апсолутна слобода на дизајнот и оптимален сооднос помеѓу цената и перформансите – сето ова зборува за прозорците и вратите од висококвалитетен ПВЦ. Нашите профили дополнително се оплеменети со посебна високосјајна површина ХДФ (high definition finishinig).

Оваа екстра мазна површина речиси е целосно отпорна на нечистотија. Исто така, одржувањето на прозорците и вратите е брзо и лесно: Еднаш годишно се подмачкува оковот со капка масло од домаќинството, а дихтунзите со силикон.

Синего (SYNEGO) Систем за влезни врати

ПВЦ-систем на профили со длабочина на вградување од 80 mm и Uf-вредност до 0,94 W / m²K

Прозорците СИНЕГО се најдобриот избор за клиенти, кои дават значење на енергетската ефикасност. Покрај Uf-вредноста од до 0,94 W/m²K, системот се докажува со својата економичност и многубројните варијанти за дизајн.

Предности:

  • Повеќе место во магацинот, бидејќи СИНЕГО системот ќе можете да го опремите со две варијанти на дихтување.
  • Широка палета на профили
  • Достапен во сите бои, како и новата облога со стаклен ламинат КАЛЕИДО ВИЗИОН од внатрешна страна
  • Еколошки, целосно се рециклира

Технички податоци

Општо

Видливост на рам/крило 94 mm до 175 mm
Видливост на средна пречка 114 mm до 218 mm
Длабочина на вградување 80 mm
Број на комори 7/6
Дебелина на стакло макс. 51 mm
Систем за дихтување АД: 2 преклопни дихтунзи
МД: 2 преклопни дихтунзи, 1 среден дихтунг
Дизајн на профилот крило со израмнувачка површина, заоблено крило со делумно израмнувачка површина

Карактеристики

Топлинска изолација Uf до  0,94 W/m²K
Звучна изолација Rw до 47 dB
Заштита од провала (EN 1627) до RC3
Отпорност на ветер (EN 12210) B5
Пропустливост на пороен дожд (EN 12208) 9A
Пропустливост на воздух (EN 12207) 4
Оперативни сили (EN 13115) 2

Слични продукти