Извонредна можност за обликување, апсолутна слобода на дизајнот и оптимален сооднос помеѓу цената и перформансите – сето ова зборува за прозорците и вратите од висококвалитетен ПВЦ. Нашите профили дополнително се оплеменети со посебна високосјајна површина ХДФ (high definition finishinig).
Оваа екстра мазна површина речиси е целосно отпорна на нечистотија. Исто така, одржувањето на прозорците и вратите е брзо и лесно: Еднаш годишно се подмачкува оковот со капка масло од домаќинството, а дихтунзите со силикон.
Прозорците СИНЕГО во ништо не заостануваат зад дрвените прозорци – дури и ги надминуваат во однос на издржливоста.
| Видливост рам/крило | 119 mm до влезна врата 166 mm |
| Видливост на средна пречка | 164 mm |
| Длабочина на вградување | 120 mm |
| Број на комори | 5/6 |
| Дебелина на стакло | 51 mm |
| Систем за дихтување | 1 преклопен дихтунг |
| Топлинска изолација Uf | до 1,0 W/m²K |
| Звучна изолација | Rw до 46 dB |
| Заштита од провала (EN 1627) | до RC3 |
| Отпорност на ветер (EN 12210) | до C5/B5 |
| Пропустливост на пороен дожд(EN 12208) | до 9A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207) | до 4 |
| Оперативни сили (EN 13115) | 1 |