Извонредна можност за обликување, апсолутна слобода на дизајнот и оптимален сооднос помеѓу цената и перформансите – сето ова зборува за прозорците и вратите од висококвалитетен ПВЦ. Нашите профили дополнително се оплеменети со посебна високосјајна површина ХДФ (high definition finishinig).
Оваа екстра мазна површина речиси е целосно отпорна на нечистотија. Исто така, одржувањето на прозорците и вратите е брзо и лесно: Еднаш годишно се подмачкува оковот со капка масло од домаќинството, а дихтунзите со силикон.
Како прозорците и влезните врати СИНЕГО, така и подигачко-лизгачките врати имаат извонредна заштита од провали.
| Видливост рам/крило | 103 mm |
| Длабочина на вградување рам/крило | 190 mm / 80 mm |
| Број на комори | 5 |
| Дебелина на стакло | макс. 51 mm |
| Големина на лизгачко крило | макс. 300 cm x 260 cm (Ш x В) |
| Дизајн на профилот | крило со израмнувачка површина |
| Топлинска изолација Uf | 0,54 W/m²K |
| Звучна изолација | Rw до 43 dB |
| Заштита од провала (EN 1627) | RC2 |
| Отпорност на ветер (EN 12210) | B3 |
| Пропустливост на пороен дожд (EN 12208) | 9A |
| Пропустливост на воздух (EN 12207) | 4 |