Алуминимуските обвивки овозможуваат да се комбинира изгледот со техничките предности на ПВЦ профилите. Што се однесува до боите може да се примени целокупната палета на РАЛ – бои. Со тоа може да се реализира желбата на секој муштерија тргнувајќи од класичниот дискретен прозорец во сива боја до современиот пластичен прозорец во различни бои. Како посебни Design-Highlight – пред се за ГЕНЕО програмата – има на располагање претходно припремени алуминиумски обвивки. При нарачката се доставува големината на прозорецот и бојата. Се испорачува обвивка која се става прецизно на прозорецот и дава мазна површина ( најсовремена техника на производство без заварени спојки и шлицови). Тоа е перфектно решение за муштеријата и фирмата.