Добредојдовте во нашата компанија

DEMIR IMPEX-s

Компанијата  “DEMIR IMPEX-s” постои od 1990 годинa со постојани седишта во Куманово на улиците “Христијан Карпош” бр.34 и “11 Ноември” бб. Во текот на 1992 година први отворивме производствен погон со основна дејност за производство и монтажа на врати, прозорци, ролетни, светларници, огради од ПВЦ и алуминиум со термопан стакло. Застапници сме на реномираниот производител “REHAU” од Германија. Во рамките на погонот ја поседуваме  најсовремента германска линија од марка “URBAN”, која има производствен капацитет од 60 прозорци дневно. Капацитетот на оваа производна линија ни овозможува целосно усогласување  на роковите за испорака и монтажа на столаријата со  динамика на изградбата на објектите.

Изработка и монтажа на сите видови на гаражни врати: роло врати, сегментни панелни и индустриски врати, алуминиумски сегментни и индустриски врати.

Производствениот погон  со компјутерски, дигитални и CNC машини го опслужува професионално обучена екипа во Австрија.

Вработените поседуваат сертификати и признанија за своето знаење.

Изработка на гаражни врати
50 %
Изработка на PVC столарија
30 %
Изработка на ролетни
25 %
Изработка на огради
70 %
Изработка на фасади
21 %

Компанијата “DEMIR IMPEX-s”  со водење на својата деловна политика успеа да се стекне со висок рејтинг на пазарот  за производство на ПВЦ столарија и да стане една од водечки фирми на оваа гранка во Република Македонија. Својата успешност ја градиме и со меѓународна соработка, пред се со западно- европските земји каде квалитетот и професионалноста се на прво место. Извезуваме ПВЦ столарија во Германија, Швајцарија и Белгија, а во соседните земји Србија, Албанија и Црна Гора постојано сме присутни.

Потврда за нашиот труд се повеќето награди и признанија. Добитници сме на Ноемвриската награда за 2003 година како компанија на годината, а имаме и други признанија од учеството на повеќе саемски и јавни манифестации.

Со почит,
“DEMIR IMPEX-s”